Имунизацијата на граѓанитте над 75 години почнува во среда со вакцините на „Астра Зенека“ , изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Филипче рече дека нема да се вакцинира ниту со оваа тура на вакцини, бидејќи, како што вели ќе им даде приоритет на повозрасните лица.
Масовната имунизација ќе почне во спортскиот центар Борис Трајковски. Од денес започнуваат подготовките и во текот на неделава ќе бидат спремни. Пријавени се 20.000 граѓани кои сега ќе ја примат првата доза, секако по консултација со матичните лекари. Втората доза од Астра зенека ќе ја примат за 3 месеци и за ревакцинацијата ќе има обезбедено вакцини. Ве уверувам дека апсолутно нема никакви контраиндикации кај било кој граѓанин. Јас нема да се вакцинирам сега и ќе почекам да биде набавена поголема доза. Но, кога ќе дојдам на ред ќе се вакцинирам со Астра зенека за да покажам дека вакцините се безбедни, рече Филипче.
Министерот најави дека до крајот на месецот треба да пристигнат вакцини од повеќе производители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.