Венко Филипче, министерот за здравство изјави дека ќе има карантинските мерки за одделни општини каде што расте бројот на новозаразени ако не се почитуваат превентивните мерки, односно ако не носат маски и не одржуваат дистанца.

Денеска тој информираше за четворица починати пациенти и 52 новозаразени со ковид-19.

Доаѓа предвид воведување, односно враќање на карантин во општини каде што мерките едноставноо не се почитуваат. Ние немаме друг механизам, не може вечно да имаме затворени граници. Ќе ги анализираме бројките и во следните денови, во текот на викендот и врз основа на тоа ќе ги носиме одлуките, рече Филипче.

Според министерот, најголема концентрација на заболени има во Чаир, Сарај, Гази Баба, Бутел и Аеродром и најави дека е можно повторно воведување на рестрикции.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.