Министерот за здравство Венко Филипче по којзнае кој пат вчера се сретна со претставници на младите специјализанти. На состанокот, како и на секој претходно, се разговарало за регулирањето на нивниот статус, како и условите во кои што работат.
Наша цел е да го решиме статусот на младите лекари во земјава со трајно вработување, рече Филипче и повторно закажа следен состанок за наредната недела.
Владата покажа голема негрижа за овие млади доктори кои работат пожртвувана професија, а се обесправени во повеќе аспекти.
Секогаш младите доктори специјализанти треба да најават протести или да испратат јавно писмо до премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, па да бидат повикани на состанок. Така се случи и минатата година кога протестот беше најавен на фејсбук-профилот на Здружението на лекари специјализанти па, Филипче рече дека за тоа што го бараат специјализантите потребно е од измена на Законот за здравствена заштита.
Но, младите специјализанти го обвинија министерот Филипче дека ги извртува фактите.
Кофинансираните специјализанти се посебна група но пред се се лекари кои треба да ги уживаат истите права како и другите лекари. Нашиот последен официјален состанок беше пред 4 месеци, а не претходната недела како што велите министре. На истиот ви ги претставивме нашите проблеми и кои истите можат да се решат со промена на ЗЗЗ. Вие побаравте правно решение од нас, кое ви го доставивме пред да се изгласаат последните законски измени во ЗЗЗ, но, по се изгледа не сте го разгледале, се наведува во реакцијата.
Истото се случи и овој пат. Пред вчерашниот состанок со министерот Филипче претходеше јавно писмо во кое специјализантите ги истакнаа своите барања: здравствено осигурување, платени дежурства, покачување на основната базична плата и покривање на дел или целата сума за изминатиот летен и престојниот зимски семестар.
Пред некој ден го гласавте буџетот за наредната годината. Се надеваме дека предвидени се финансии за овие ветувања, му соопштија специјализантите на министерот Филипче.
Но, повторно иста песна. Состанокот завршил со ветување од страна на министерот Филипче и најава дека разговорите ќе продолжат и во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.