Во земјава нема ниту еден случај заразен со јужно-африканскиот сој, вели министерот за здравство Венко Филипче во интервју за Канал 5.

Кај нас јужно-африканскиот сој не е регистриран, а според лабораторијата на „Жан Митрев“ клиниката, 70% од заразените се со британски сој, рече Филипче.

Инаку британскиот сој има полесна трансмисија и поради тоа во пократок временски период може да зарази повеќе лица.

Во однос на растот на заразени во последниот период, Министерот Филипче вели дека тоа е поради убавото време и во последниот период зголемен е бројот на лица кои не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

Сличен раст со бројот на заразени се бележи и во соседството, заклучи министерот за здравство Венко Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.