Ќе се објавува список на имиња на оние што треба да бидат во самоизолација, и тоа ќе се случи многу скоро – најави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Ова ќе биде алтернативно решение бидејќи Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) не може да постигне и не може да ги пронајде сите лица што треба да бидат во самоизолација. Причините за ова се и тоа што голем дел од луѓето даваат погрешни адреси, погрешни телефони и инспекторите од ДСЗИ не може да ги пронајдат за да им ги врачат решенијата за самоизолација.
На помош викнавме и вработени во Собранието во правната служба, за да помогнат во изготвувањето на решенијата и во нивно делење, бидејќи инспекторите од ДСЗИ не можеа да постигнат да го направат тоа – рече Филипче.
Тој додаде дека се размислува за алтернативна правна форма како да се поделат овие решенија.
Една од опциите, и тоа многу брзо ќе го расчистиме според Законот за управна постапка, да биде јавно објавен список на лица коишто треба да бидат во самоизолација, бидејќи навистина многу време се губи и се загрозува јавното здравје посебно од лица кои не сакаат да излезат во пресрет и да соработуваат со епидемиолозите и со ДСЗИ – рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.