Министерот за здравство Венко Филипче денеска се вакцинираше во  во вакциналниот центар на салата „Борис Трајковски”. Тој ја прими првата доза од вакцината на кинескиот производител „Синофарм”, по што пред новинарите повтори дека буквално сите вакцини се безбедни, a несаканите ефекти се мали.

Пандемијата нè научи на почитување на превентивните мерки, а во оваа фаза да бидеме сплотени и обединети и да ставиме приоритет на вакцинацијата со која ќе се смени сликата. Вакцинат е нешто што го чекавме долго време и фактор кој ќе допринесе да се смени сликата глобално, рече Филипче



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.