Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими  и втората доза од вакцината Синофарм.

Денеска ја примив втората доза од вакцината на кинескиот производител Синофарм. Вакцината е единствениот начин да се спречат компликациите и тешките облици на Ковид 19. Сите вакцини кои ги имаме во нашата држава се безбедни и ефикасни, апелирам до сите граѓани да се пријават за вакцинација, само така ќе го победиме вирусот, напиша Филипче на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.