Италијанскиот весник „Ла верита“ тврди дека поседува две официјални писма министетот за здравство Венко Филипче до кинеската фирма „Синофарм“. Покрај првичната информација од весникот утрово дека вратениот аванс за кинеските вакцини следувал откако Кина насетила криминални аспирации од македонските власти, овие писма откриваат и други шокантни информации.
Според „Ла верита“, првото писмо докажува дека министерот Филипче испратил барање до кинескиот „Синофарм“ дури на 25 декември 2020.
Второто писмо, пак, од 25 јануари, вели дека министерот дури и би ја ослободил Кина од било какви негативни ефекти од вакцината. Ова го потврдува притисокот на балканската влада за финализирање на договорот. Заев призна, подоцна, дека се обратил до Пекинг, но на крајот на февруари комунистичкиот Пекинг му го вратил авансот. Причината за ова, според извори на „Ла Верита“, е тоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, која е наведена исто така во сите официјални писма на министерот, пишува италијанскиот весник.
Дека писмата се автентични може да посведочи и фактот што договорот со кинеската фирма уште од почетокот беше таен за јавноста.
Обезбедуваме 200 илјади вакцини кои ќе стигнат во февруари, а точниот датум на испораката ќе биде утврден во следните денови. Ја почитуваме одредбата од договорот за тајност, податоците остануваат доверливи. Направивме детален план за процесот на вакцинација во три фази. Сите вакцини се безбедни и сигурни за граѓаните. Со имунизацијата почнуваме овој месец, ќе каже министерот Филипче на 8 февруари.
Од Владата засега нема никаква реакција за тврдењата на „Ла верита“, весникот од кој дознавме за мега-скандалот „Рекет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.