Требаше да гори под нозе, да останеме последни во Европа без вакцини за владата да се сети дека прашањето на вакцинација не е геополитика, туку прашање на јавно здравје. Откако ја оставија Македонија без вакцини и сите други ги извисија, бидејќи се надеваа дека некој туку-така ќе им помогне, сега одеднаш сменија плоча. Така на пример министерот за здравство Венко Филипче вчера за „Политико“ изјави дека ова не е политичка и геополитичка состојба, ова е прашање на јавното здравје. Но, кого мисли министерот дека излажал и зошто е убеден дека лагите се уште им поминуваат тоа е нејасно.

Најпрвин пред се, од руската амбасада до владата била испратена понуда за вакцината „Спутник Ви“, но од оттаму не само што одбиле туку крајно недипломатски и несериозно не ни одговориле. За истото потврда даде и рускиот амбасадор во Македонија Сергеј Баздникин во интервју за „Сител Телевизија“.

Потоа лично премиерот Зоран Заев во интервју за „Трлиниг“ на ТВ 24, кој на прашањето зошто Србија има вакцини, а ние немаме, изјави дека владата се држи до западниот свет и затоа немаме вакцини од Кина и Русија.

– Имаме непријатно чувство затоа што целиот Западен Балкан каска, освен Србија која што нема аспирации за НАТО и нормално е повеќе отворена према источниот свет Кина и Русија и ги прави своите договори. А, ние сме нова земја членка на НАТО генерално се држиме кон Западниот свет и вакцините кои што се од западните здравствени и сите институции потврдени и слично, рече премиерот на 22 јануари.

Дека владата гледала политика во целата работа, а потоа здравјето на граѓаните кое го ставиле во втор план, потврди и еден од најренонимраните светски медиуми „Фајненшл Тајмс“ на 2 февруари.

Имено, владин претставник за медиумот изјавил дека од владата сакале да покажат каде припаѓале, но откако видела други држави како нарачуваат други вакцини се одлучиле и тие да го променат ставот.

– Баравме западни вакцини за да покажеме каде припаѓа нашата држава, и веднаш да ја исклучиме можноста за преговори со Русите и Кинезите, изјавил владиниот официјален претставник за Фајненшл Тајмс, додавајќи дека откако се појавија други земји во Европа како Унгарија кои ја набавија Синофарм вакцината, сметале дека тешко ќе објаснат зошто Македонија нема вакцини.

Што значи дека изјавата на министерот Венко Филипче, дека ова не е прашање на геополитика, туки на јавно здравје, не само што е задоцнета, туку пред се е лага. Се укажува на тоа дека додека владата до пред неколку денови, не се грижеле и толку многу за здравјето на македонските граѓани.

Чисто за споредба Србија, која е навистина земја која немаше предрасуди од каде доаѓаат вакцините, туку пред се гледаа да заштитат животи, досега имаат вакцинирано околу 600.000 граѓани и досега набавено над 2 милиони вакцини. Додека заради погрешното гледање на владата кон заштитата на здравјето и животите на сопствените граѓани, денес Македонија се уште е без вакцини, а граѓаните незаштитени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.