Министерот за здравство, Венко Филипче на својот фејсбук профил напиша:

– Опозицијата со парцијални документи што ги презентира во јавноста сака да ја искриви сликата за изградбата на новиот Клинички центар, создава конфузија и не ја отсликува реалната ситуација. Се што досега е кажано, се спроведувало и ќе се спроведува во иднина е врз основа на студии, документи, анализи итн. Искрено верувам дека опозицијата ќе собере сила и храброст набрзо да се придружи кон овој процес, можеме на многу конструктивен начин да разговараме.
-Апслолутно сите ние имаме одговорност пред граѓаните, посебно во еден сензитивен дел, посебно во време на пандемија, тоа е здравствениот систем заради тоа што утре, во следниот период или кога било, понатаму нема да има оправдување зошто нешто не било направено кога сме ги имале буквално сите механизми и инструменти во рацете. Треба да соработуваме конструктивно без разлика дали некоја партија е на власт или во опозиција. Пандемијата покажа кога е здравјето на граѓаните во прашање тоа е врвен приоритет, не постои алтернатива.
-Изградбата на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје на greenfield локација ќе гарантира високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава.
-Владата на Република Македонија преку Министерството за здравство склучи Меморандум за соработка од 18.01.2019 година со Австриското министерство за транспорт, иновации и технологија, со цел модернизација на капацитетите во здравствениот сектор како и континуирано, квалитативно подобрување на објектите кои обезбедуваат здравствени услуги.
-За координатор на активностите поврзани со Физибилити студијата, Австриското министерство за транспорт, иновации и технологија ја назначи владината агенција AHC Austrian Health Care Systems & Engineering GmbH на 21.01.2019 година.
-Концептот во согласност со Физибилити студијата за релокација на Универзитетските клиники на нова greenfield локација, е реализација на градбата во три последователни фази по системот “клуч на рака“ кој подразбира проектирање, изградба, опремување, трансфер планови и нивна реализација, обука на персонал и одржување на објектот и опремата за определен период за секоја фаза последователно.
-Согласно целокупната припрема на постапката се започна со спроведување на тендерската постапка како компетитивен дијалог, конкурентен дијалог којшто во првата фаза аплицираа 4 компании и во втората фаза се квалификуваа 2 компании. Во дијалогот со двете компании беше увидено дека тие имаат експертиза во работењето, поради што решивме да ги задржиме двете компании -BOUYGUES BATIMENT INTERNATIONAL France и VAMED Health Project GmbH Germany.
-Целта на законот којшто има предлог за реализација на нов Универзитетски Клинички Центар за изградба и ставање во употреба на комплекс на градби има за цел две работи: да дозволи една заедничка понуда на овие две врвни европски компании за изградба на клиничкиот центар и да дозволи да ангажираме независен финансиски советник – еминентна европска компанија за да направи финансиска проценка на понудата.
-Со групирање на сите постоечки клиники во една зграда со интегриран капацитет којшто ќе понуди функционална поврзаност може да се постигне континуитет на клиничките услуги и прегрупирање на клучните здравствени услуги, интеграција на наставата и истражувањето во рамки на greenfield локацијата, без нарушување на конфорот на посетителите.
-Верувам дека опозицијата ќе собере и сила и храброст да се придружи кон овој процес, дека можеме на многу конструктивен начин да разговараме. Верувам дека ќе покажаме сите дека имаме капацитет и волја да се реши ова повеќедецениско прашање во интерес на тоа граѓаните да имаат квалитетна здравствена заштита.

– Опозицијата со парцијални документи што ги презентира во јавноста сака да ја искриви сликата за изградбата на новиот…

Posted by Венко Филипче on Friday, May 7, 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.