Во овој момент имаме доволен број респираторни машини. Набавката на нови машини е во тек, но тие се запрени во Бразил со одлука на тамошната Влада и преку нашата амбасада и Министерството за надворешни работи се прават напори да се ослободи таа бројка и да бидат доставени што побрзо, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Според него, многу земји го запреле извозот на респираторни машини бидејќи си ги чуваат за нив и нивните пациенти.

Добра вест е што добивме потврда од Кина дека за нас се резервирани 200 респираторни машини, рече Филипче.

Тој објасни дека пет проценти од заболените со коронавирус имаат потреба да бидат вклучени на респираторни машини, односно на 1.000 пацинети, 50 од нив се на апарати.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.