Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека денешниот ден се одбележува во знак на дарувањето крвна плазма – кој претставува лек и надеж за потешките пациенти заболени од коронавирусот.
-Обезбедивме конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти заболени од Ковид-19. На Светскиот ден на крводарителството – 14 Јуни, ја испраќаме пораката дека дарувањето крв е највисокиот чин на хуманост и алтруизам, со кој се спасуваат човечки животи. Им се заблагодарувам на сите наши херои, крводарители, дарители на тромбоцити и дарители на конвалесцентна плазма за грижата која ја покажуваат. Упатувам апел сите излекувани лица од овој вирус да даруваат крвна плазма и заеднички да им помогнеме на нашите сограѓани, побрзо да го спречиме ширењето на коронавирусот. Дарувај плазма, спаси живот, напиша на неговиот фејсбук профил министерот Филипче
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.