Д-р Лидија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари на Република Македонија (ЗПЛРМ), остро реагираше на денешната прес-конференција на која министерот за здравство Вено Филипче објави дека кај амтичните лекари преку „Мој Термин“ ќе се закажува вакцинирањето против Ковид-19.
Ова е активност за вакцинирање, треба да се преземе кај оние вакцинални пунктови. Матичниот доктор повеќе не може да издржи дополнителни обврски, вели Чолакова-Дервишова во вестите на Телма.
Секој граѓанин може да се пријави за вакцинација. Податокот кој ќе се внесе во електронската пријава автоматски ќе дојде кај матичниот лекар. Воедно граѓаните ќе имаат можност и за откажување на прегледот и повторно закажување.
Матичните лекари ќе закажуваат вакцинирање против ковид-19 преку Мој термин, а идната недела ќе биде објавена веб-страница на која граѓаните ќе може електронски да се пријавуваат со цел да им се олесни на матичните лекари, рече д-р Жаклина Чагоровска.
Ние не сме центри на вакцинација. Имаме огромен број на обврски, прегледи, ѕвонења, печатење документи. Гневот на крај секогаш завршува кај нас. Ние треба да советуваме и да ја подигнуваме свеста. Имаме огромен број на други заболувања, не е само коронавиурсот, вели претседателката на ЗПЛРМ.
Таа додава дека здружението не било консултирано од никого пред денеска веста да ја објави Филипче.
За се, ако сме партнери како трилатерала, треба да се договараме за нештата. Културно е некој да не праша дали можеме да прифатиме дополнителни обврски, смета Чолакова-Дервишова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.