Министерот за здравство Венко Филипче или не знае, или не кажува зошто роднини биле придружба со болните во тетовската ковид-болница која синоќа изгоре до темел, 14 пациенти го загубија животот, а 12 се спасија.

Филипче на денешната прес-конфренција изјави дека во ковид-болницата во Тетово имало 26 пациенти.

Медиумите објавија дека во модуларната болница имало придружба за ковид-болните, а Филипче рече дека ќе се испитува како функционирале посетите во Ковид центарот во Тетово, кои инаку се забранети.

Рече дека засега не се знае дали меѓу загинатите има и роднини на пацинетите.

За тоа како функционирало ова ќе направиме истрага. Според информациите кои ги имаме во моментот на пожарот во болницата имало две лица на посета. Во однос на тоа дали меѓу загинатите има роднини на пациентите, тука има шпекулации и затоа ќе се прави ДНК анализа. За тоа дали роднини на пациентите биле таму за да им помагаат на своите блиски, ќе покаже истрагата. А, од мое лично искуство знам дека е тешко да се изменаџираат посетите кога имате некој близок во болница. Посетите во Ковид центрите се апсолутно забранети, а за тоа што се случувало ќе видиме од наодот. Ќе инсистирам на точна проверка на целата ситуација, рече Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.