Луѓе од ковид ни умираат најмногу споредено со сите други држави во светот. Над 60 проценти од хоспитализираните ковид-пациенти во земјава починале, и тоа е највисока стапка на смртност во светот на луѓе кои се лекувале во такви услови, потсети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг. Мицкоски додаде дека во високоразвиените земји само 10 отсто од хоспитализираните ковид-пациенти завршуваат со смртен исход. Ова покажува дека здравствениот систем е трул.
Во моментот бројката на починати е 7.000 луѓе, повеќе од 7.000 луѓе, и таа е поголема од 11 градови во Македонија што само ги објаснува катастрофалните последици во нашата земја, нагласи Мицкоски.
Мицкоски запраша, а што прават Филипче и Заев како првоповикани.
Тие одат на митинзи и се кикотат, се смеат. Затоа народот на 31-ви жестоко ќе ги казни, нагласи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.