Дернешниот извештај на Министерството за здравство покажува катастрофални бројки кога станува збор за раширеноста на корона вирусот во Македонија и за целосниот крах на здравствените власти.
Во извештајот се наведува дека во 1.325 направени тестови имало дури 565 позитивни случаи на Ковид-19, што значи дека 42,6% од тестираните имале позитивен тест.
Дополнителна и уште поалармантна бројка што покажува дека епидемијата е целосно надвор од контрола на надлежните е тоа што само во последните 24 часа во македонија, дури 21 пациент ја загубил битката со корона вирусот.
Шестмина од починатите пациенти се од Скопје (45, 52, 63, 67, 68 и 84 години), пет пациенти се од Тетово (69, 73, 75, 69 и 83 години), двајца пациенти од Велес (83 и 89 години), двајца од Богданци (75 и 85 години) и по еден пациент од Куманово (74 години), Битола (79 години), Радовиш (71 година), Прилеп (61 година), Охрид (51 година) и Штип (63 години).
Освен еден пациент кој е починат надвор од болница, сите други се починати во болнички услови.
Со денешните 21 починат, вкупната бројка на починати се искачи на 1.025.
Вкупно заразени од почетокот на епидемијата се 32.997 граѓани, додека бројот на активни случаи изнесува 10.728.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.