Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се потврдени 1.342 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 479 случаи во Скопје, 84 во Прилеп, 83 во Битола, 63 во Гостивар, 59 во Велес, 58 во Тетово, по 52 во Куманово и Струга, 49 во Охрид, 45 во Штип, 42 во Кавадарци, по 33 во Гевгелија и Кочани, 31 во Кичево, 29 во Струмица и 22 во Делчево.
Потоа, 20 случаи се регистрирани во Дебар, 18 во Неготино, по 13 во Свети Николе и Ресен, по 12 во Крива Паланка и Радовиш, десет во Пробиштип, седум во Кратово, пет во Крушево, по четири во Берово, Валандово и Виница и по два случаи во Демир Хисар, Македонски Брод и Пехчево.
Од МЗ соопштија дека од Ковид-19 починале 22 лица, односно, седум пациенти од Скопје на 70, 61, 73, 81, 62, 65 и 69 години, еден од Куманово на 79 години, двајца од Штип на 81 и 78 години, четири од Прилеп на 84, 68, 69 и 79 години, еден од Струга на 77 години, двајца од Велес на 72 и 73 години, еден од Охрид на 87 години, еден од Гостивар на 71 година, еден од Струмица на 67 години, еден од Крушево на 71 година и еден пациент од Берово на 86 години. Од нив, еден пациент е починат вон, а останатите се починати во болница.
Институтот за јавно здравје регистрирал 679 оздравени пациенти, односно, од Скопје-266, Куманово-49, Штип-30, Прилеп-51, Тетово-1, Струга-30, Велес-13, Битола-56, Охрид-29, Кавадарци-22, Гостивар-2, Гевгелија-3, Струмица-16, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-14, Пробиштип-3, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Берово-6, Валандово-2, Виница-8, Делчево-6, Кратово-8, Свети Николе-11, Кичево-21, Ресен-3 и од Неготино-8.
„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65231, бројката на оздравени пациенти е 41656, на починати е 1847, а бројот на активни случаи изнесува 21728. Од вчера се евидентира еден контролен тест“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 341.261 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.399 тестови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.