Венко Филипче, министерот за здравство и академик Љупчо Коцарев денеска во Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) разговарале за зголемување на капацитетите на лабараторијата за тестирање на ковид-19 како и за подобрување на условите за тестирање во иднина.

На средбата како иден план се постави вовоедувањето на проектот на национално ниво за воведување на персонализирана медицина како начин за лекување на онколошки болести и за други области од медицината, соопштуваат од Министерството за здравство.

Филипче денеска се сретна со академик Коцарев претседател на МАНУ. На средбата се разговараше за работата на МАНУ на истражувања поврзани со пандемијата од Ковид 19, како и за работата на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија во МАНУ, каде се обработуваат ковид тестовите.

Лабораторијата во МАНУ дневно обработува од 200 до 250 брисеви, но бројката во некои денови достигнува и до 350 бриса од PCR тетсови. МАНУ ги покрива сите болници во државата, освен скопските клиники, ГОБ 8 Септември, и болниците во Кичево и Дебар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.