Полицискиот час на Филипче и Караџовски не чини 530 смртни случаи и над 20,000 новозаболени граѓани за неполн месец откако почна полицискиот час на десетти месецов.
Откако почна полицискиот час во земјава на 10 март бројките се зголемуваат наспроти очекувањата на министерот за здравство Венко Филипче кој беше убеден дека ќе има ефект од оваа мерка за забрна на движење после 22 часот до 5 часот наутро.
„Оваа недела е клучна“ рече доктор Жарко Караџовски, а за оваа недела само во три дена има 107 смртни случаи и илјадници новозаболени, 1577 се хоспитализирани од кои 666 само во Скопје, Министерство за здравство вели дека има 260 празни места, според последниот извештај од вчера, но голготата на граѓаните за хоспитализирање на своите блиски е се помачна, затоа што капацитетите исто како да ги нема. Нема ништо ни од повторно воспоставување на монтажната болница, а зголема е потребата од хоспитализирање на ковид позитивните.
Дека полицискиот час беше неуспешна мерка освен бројките на смртни случаи и новозболени говори и фактот што самиот Филипче вчера во една помалку трагична изјава вели дека нови мерки не се потребни затоа што вирусот бил веќе прилично раширен.
Се чини дека Филипче не остави само со добар апел за почитување на препораките, како и совесноста и одговорноста на граѓаните, па јавноста коментира дека Филипче и Караџовски не оставија со нова мерка и единствено нешто што им преостанува е да се помолат за да не се заразат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.