Македонија станува нова Италија. Ова е очигледно ако се видат бројките на новозаразени кај нас и во Италија кога беше една од најпогодените од корона вирусот. Во последните неколку денови таму има околу 320 заразени, а кај нас над 100. Ова делува застрашувачки ако се знае дека Италија има 60 милиони жители, а Македонија нецели два милиони.

Директни виновници за состојбата во Македонија и со тоа што бројките на заразени и починати наместо да се намалува, се зголемува се министерот за здравство Венко Филипче и д-р  Жарко Караџовски, прв човек на Комисијата за заразни болести.

Тие двајца се главни во носењето во одлуките и мерките како во однос на заболените, така и за начинот на функционирањето на граѓаните за време на заразата.

Последната нивна небулозна одлука беше воведувањето на полициски час за Задушница за Скопје и за уште неколку општини. Покрај ускратувањето на правото на граѓаните да ги посетат гробовите на најбиските, Филипче и Караџовски дозволија половина Скопје да замине во Охрид, Струга, Маврово, Дојран…

(фото: Охрид 1)

Сликите од патарините вчера покажаа дека заразата од Скопје сега ќе се рашири во цела Македонија. За тоа сведочи преполното шеталиште во Охрид, полниите кафулиња и ресторани, гужвите во маркетите.

Претходно пак се направи паника меѓу граѓаните со полицискиот час во траење од три дена па граѓаните побрзаа на пазарите и во продавниците да се снабдат со потребните намирници.

Гневот кај граѓаните е голем, особено кај тие што останаа „затворени“ дома. Тие се прашуваат каков ефект има ваков селективен полициски час и дали не требаше да се забрани патување од еден во друг град?

(фото: Фејсбук)

Следната гужва и нова шанса короната да се рашири ќе биде во недела вечера кога избеганите граѓани ќе се враќаат кон Скопје, како и во понеделник кога голем дел за Духовден ќе отидат на гробишта, откако тоа им беше забрането да го направат за Задушница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.