За министерот за здравство Венко Филипче нормално е со толкав притисок во болниците да се прават турканици, кои некогаш прераснуваат и во инциденти. Затоа тој побара трпение од граѓаните.
„Мислевме на сите работи, се ставија шатори со греење. Огромен наплив на пациенти, нормално е да има ситуации. Не се гужвите затоа што некој не работи, затоа што луѓето се преработени. Затоа бараме да имаме трпение. Знаеме дека гужвите прават нервоза, но сите добиваат квалитетни услуга, рече министерот Венко Филипче, кој вечерва гостува на ТВ21.
Директорот на Клиниката за пулмологија Дејан Докиќ, кој гостува во истата емисија, објасни како изгледа хоспитализација на пациент со коронавирус, со цел да се избегнат гужвите.
Брзата помош испраќа порака во групата во каква ситуација е пациентот. Ако има висока сатурација на крвта, тогаш ќе му треба централен довод за кислород. И тој додека е во Брза помош, ние знаеме каде треба да го упатиме, и праќаме повратна порака каде да биде однесен, објасни Докиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.