Министерот за здравство, Венко Филипче денеска уште еднаш нагласи дека имунизацијата на населението продолжува да се одвива според возрасната граница. До крајот на следната недела треба да се вакцинираат дополнително пријавените 8.000 постари граѓани и тие ќе имаат приоритет пред помладите.
Околу 40 отсто од вкупното население над 70 години, веќе е вакцинирано, нагласи Филипче.
Според него, граѓаните кои се вакцинираа во Србија со „Астра зенека”, а се под 60 години, нема да се ревакцинираат со оваа вакцина, туку со „Синофарм” или „Фајзер”, а за тоа треба да се пријават кај матичните лекари.
Пријавените повозрасни граѓани во Скопје и ширум државата заедно со сите дополнително пријавени по пресекот наоравен на 30 април, ќе бидат вакцинирани до крајот на следната недела и тоа е бројка од 8.000 дополнително пријавени по 30 април. Тие ќе имаат приоритет пред помладите. Затоа е битно сите да знаат дека е потребно да се пријават и да добијат термин за вакцинација – повозрасните преку матичните лекари или директно на сајтот „вакцинација.мк”. Тоа е единствениот начин на кој можеме да ги регрутираме пријавените за вакцинација, истакна Филипче, одговорајќи на новинарски прашања по приемот на новите 100.000 кинески вакцини „Синофарм” во поликлиниката „Јане Сандански”.
На денот на пресекот, 30 април, додаде, биле пријавени околу 130.000 – 140.000 граѓани, а потоа се пријавени уште близу 150.000.
Мал број од овие граѓани се повозрасни зашто веќе околу 40 отсто од вкупното население над 70 години е веќе имунизирано. Кога се исцрпува вакцинирањето на повозрасните групи, се симнува возрасната граница. Таму каде што се дополнително пријавени граѓани над 70 години или нешто под, се приоретизираат. Но, ако нема такви, продолжува вакцинацијата со спуштање на возрасната група додека не се вакцинираат сите пријавени на сајтот „вакцинација.мк”, објасни министерот.
И во однос на ревакцинацијата, граѓаните, потенцира Филипче, треба да се пријавуваат преку матичните лекари. Според него, секој има можност да добие термин.
Граѓаните кои треба да се ревакцинираат со „Астра зенека”, а се под 60 години, тоа, согласно нашиот план, националната стратегија и стручното мислење, не ќе може да го напарават. Кинеската, „Фајзер”, од сите вакцини за ревакцинација има сосема доволна количина, а за тоа треба да се пријават кај матичните лекари. Најдобар механизам за пријавување на граѓаните кои се вакцинираа во Србија е преку матичните лекари. Матичните лекари имаат механизам како да ги пријават граѓаните кои треба да се ревакцинираат преку системот „Мој термин” кој потоа ќе генерираа термин во делот за ревакцинација. Овој систем е јасен, подвлече министерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.