Во време кога партијата СДСМ е зафатена од вистинско внатрепартиско цунами, предизвикано од најавената, а пред некој ден и доставената, оставка на претседаелот Зоран Заев од функцијата, има целосен молк од страна на потпретеседателот на партијата, Венко Филипче.
Тоа е сосема различна слика од предизборниот и изборниот период кога, заедно со Заев, токму Филипче беше највидливиот лик претставник на партијата. Сепак, по изборниот пораз и најавените оставки на Заев, од Филипче нема никаков коментар, ниту појавување во јавноста.
Нема израз на солидарност ниту пак, каков било збор за поддршка или критика за одлуката на Заев, нема совет како треба партијата и државата да продолжи напред, а нема ниту петиција против оставката, нешто на што во СДСМ силно се инсистираше кога Филипче до Заев понуди оставка откако изгореа 14 пациенти во тетовската модуларна болница.
Всушност, последна објава на неговиот Фејсбук профил со поддршка за партија и нејзините активности, Филипче го има непосредно пред изборниот пораз, односно на 28 октомври, кога беше последниот митинг на СДСМ во Скопје. Оттогаш Филипче како „да пропадна во земја“.
Таквото негово однесување е сосема спротивно од тоа на неговите колеги од највисокото раководство на партијата. Така, потпретседателката Мила Царовска, деновиве јавно објави дека се повлекува од партијата, а иста таква одлука објави и претседателот и член на Надзорниот одбор на СДСМ, Горан Сугарески, кој наведе дека ја поднесува оставката во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.