Утрово имав редовна координација со директорите на клиниките, ковид-центрите во Скопје. Деновиве е намален бројот на хоспитализации во болниците, но подготвени се дополнителни капацитети во болниците како во Скопје, така и низ државата, објави денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Справувањето со овој трет бран, кој е многу силен, посочува министерот, е исклучително тешко, не само кај нас, туку насекаде во Европа.
Според епидемиолошките анализи, РО факторот (стапка на репродукција на вирусот, н.з.) е паднат под 1 и се надеваме дека ќе остане така. Остануваме претпазливи, вирусот е непредвидлив и подмолен, напиша Филипче.
Утрово имав редовна координација со директорите на Клиниките, ковид центрите во Скопје. Деновиве е намален бројот на…
Posted by Венко Филипче on Friday, 9 April 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.