Не можеме да живееме во строга рестрикција, мерките треба да попуштат, но граѓаните мора да се придржуваат кон препораките од здравствените власти, вели во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат, министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој нагласи дека истовремено со попуштањето на ограничувањата граѓаните мора одговорно да се однесуваат кон мерките за превенција. Во спротивно, најави повторно воведување на рестрикциите.
Сето ова се еден пакет на попуштање на рестриктивните мерки. Граѓаните мора да бидат свесни дека мора да се придржуваат до препораките, пред сѐ носењето на маската и одржувањето на дистанцата. Не сакаме да дозволиме, заради непочитување на мерките да имаме повторен пик, којшто ќе нѐ врати назад кон рестриктивни мерки, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.