Министерот за здравство Венко Филипче вели дека Светската здравствена организација дала препорака здрави лица да не носат маски, но сепак изминува период во кој се соочуваме со ковид-19 и се повеќе се открива за него. Филипче дополнува дека задолжителното носење на заштитна опрема, особено маска мора да се почитува, бидејќи утврдено е дека постојат многу пациенти кои се носители на вирусот, а немаат никакви симтоми.
Ако се внимава и не се манипулира со носот и устата и со маската и ако често се мијат рацете, ракавици не се неопходни. И да се носат ракавици, ако со валкани ракавици се фаќате за лице и за маска може да се пренесе вирусот. Во однос за задолжително носење на маски , точно е дека иницијално препораките на СЗО беше да не се носат маски особено не кај здрави лица, но допрва се прават анализи, и имајќи во предвид дека се уште комплетно не е познато како се шири вирусот, а има и асимптоматски пациенти. Со носењето на заштитна опрема е донесено за да се намали ширењето на вирусот. Има се повеќе асимптоматски носители на вирусот. Со намалување на рестрикциите епидемијата не е престаната, но да ги почитуваме мерките за да може полека да го вратиме животот во нормала, појасни министерот Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.