Ако не е за вакцини, тогаш за што е гаранцијата, еве Филипче нека каже. Колкава е сумата која ја нуделе Заев и Филипче?!, прашува во партиското соопштение ВМРО ДПМНЕ.
За да излезе вистината на виделина, нека излезе Филипче и нека каже колку изнесува авансот кој што тие го платиле со наши пари, па им бил вратен од страна на инезите, кога истите виделе дека Заев и Филипче сакаат преку фантом фирма да влечат провизии.
Нелогично е, затоа што Филипче оф една страна лаже дека не е точна информацијата и гаранцијата, а од друга страна вели дека документите се тајна, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Според партијата Заев и Филипче треба да знаат дека во ЕУ е во тек постапка за декласификација на цените на вакцините, а Унгарија веќе ги објави јавно цените.
Заев и Филипче да не се кријат зад изговори и да кажат јавно колку платиле.
Нека се договорат Заев и Филипче, што е вистина, што лага, што точно што не точно, и нека кажат. Ама сепак нека внимаваат, да не случајно има докази кои ќе ги демантираат, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.