Срцето на нашата хумана сограѓанка продолжи да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот, напиша министерот за здравство Венко Филипче по завршената трансплантација на срце од починат донор извршена денеска.
Органодарителството е највисок акт на хуманост. Држиме среќа телото да го прифати новиот орган, напиша министерот.
Претходно денеска тој соопшти дека рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези 42-годишна пациентка која ја загуби битката со животот и чија последна желба била нејзините органи да бидат донирани.
Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40 сетина години кои се на дијализа, напиша Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.