Венко Филипче, министерот за здравство, при посетата на специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, по повод завршување на проектот за гасификација на установата, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека загрижува последниот тренд на поголем број на смртни случаи од Ковид-19 во Македонија на дневна основа.
Околу пет за жал починати пациенти се во последните 24 часа, информација што ја добив тукушто. Се работи за болест во тешка клиничка форма. За сите се превзема се, а дел од младите починати претходно се со сериозни коморбидитети кои ја намалуваат шансата за преживување. Правиме анализа во моментов зошто имаме по осум смртни случаи дневно. Не сакаме да имаме преполни болници. Анализата ќе заврши во понеделник и ќе кажеме на што се должи тоа – рече Филипче во Чаир.
Тој наведе дека тоа е така затоа што секаде каде што има позитивни случаи, излегува дека таму мерките најмногу не се почитуваат и дека само со придржување на мерките може да излеземе од кризата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.