Министерот за здравсто Венко Филипче демантира дека руските вакцини во Македонија се набавуваат преку српски посредник.Тој вели дека постапката била транспарентна и оти одела преку рускиот инвестициски фонд и оти целта била да се наруши процесот на набавка на вакцините за граѓаните.

За набавка на вакцини против Ковид 19, без разлика дали станува збор за Спутник В, Синофарм, Астра Зенека или Фајзер, или Ковакс механизмот, нашата држава ја плаќа цената на вакцината понудена од производителот, нема никакви провизии за ниту една набавка на вакцини против Ковид 19. Ваквите лажни вести имаат за цел намерно да го нарушат процесот на набавки на вакцини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.