Децата треба да одат во училиште ако се согласни родителите, а ако не, треба да има и онлајн-модел, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во интервју за мкд.мк.
Зазедовме став на Комисијата и мислам дека предлогот е сосема солиден, до трето одделение со физичко присуство, празни ќе бидат училиштата, а другите да бидат со онлајн-настава. Се соочуваме со еден период во кој во ниту една земја во светот не се знае што ќе биде. Не знаеме каква есен нè чека. Дополнително сезонски грип, колку пациенти ќе има… Така што, мора да бидеме внимателни особено со оваа категорија, вели Филипче.
Лично самиот смета дека солидна е препораката за од прво до трето оделение. Додава дека препораките на Министерството за здравство се темелат на епидемиолошки сознанија, а Министерството за образование треба да одговори за останатите предизвици. Но, доколку родителите не се согласни, тогаш вели Филипче треба да има и онлајн-модел.
Во врска со забелешките околу тоа како деца од прво одделение ќе учат онлајн кога не ги знаат буквите Филипче вели:
Подобро е и поважно да биде детето здраво во период кога не ги знаеме околностите во однос на вирусот, а сѐ друго може да се надомести. Здравјето тешко, вели министерот за здравство.
Целото интервју на министерот Венко Филипче може да го прочитате тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.