Министерот за здравство, Венко Филипче и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи се двајцата новоизбрани потпретседатели на СДСМ. Покрај нив функциите ги задржуваат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски како и министерката за обрзование, Мила Царовска.

Функцијата потпретседател до конгресот освен Спасовски и Царовска ја извршуваа Мухамед Зекири и Коста Петров. Неофицијално, Љупчо Николовски останува генерален секретар, а Мартин Попов е новиот организациски секретар. Перо Костадинов, градоначалникот на Валандово е претседавач со ЦО.

Од членовите на Владата, во ЦО влегоа Фатмир Битиќи, Венко Филипче, Мила Царовска, Оливер Спасовски, Благој Бочварски, Димитар Ковачевски… Нови имиња се и директорот на ФЗОМ Стево Крстевски, Никица Бачовски, директор на Платежната агенција, Диме Коцев, директор на болницата во Кавадарци… Од актуелните градоначалници, во ЦО е избран и Стефан Богоев од Карпош, како и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Од пратениците, во ЦО избран е и Костадин Костадинов, а останува и поранешната пратеничка Тања Томиќ.

Во новиот состав на Надзорниот одбор на СДСМ останува досегашниот претседател на ова тело, Горан Сугарески, кој е сега директор на Царинската управа, а меѓу новите членови се Викторија Мадиќ и Бајрам Мустафов…

Како што е објавено, две третини од новиот состав на ЦО се нови лица кои не членувале во досегашното партиско раководство, а дел од нив ниту во претходните. Според непотврдени информации, познатата ракометарка Андријана Будимир, директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ и директорката на Клиниката за пластилна хирургија Софија Пејкова, Ана Данева Марков, Нина Фити, Јована Тренчевска и Димитар Ковачевски беа кандидати за членови на Централниот одбор на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.