На Институтот за имунобиологија и хумана генетика во Скопје ќе има бесплатно испитување за присуство на антитела, но ќе има категории, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Филиче на прес-конференција пред салата „Борис Трајковски“ кажа дека утрово рагзоварал со директорите на Фондот и на Институтот, и се согласиле оти треба да продолжи праксата овие тестови да бидат на товар на државата, покриени од државен трошок, но оти ќе мора да се воведат категории.
Ќе мора да се воведат категории за да не го прави секој тој тест, како на пример, дали лицето прележало ковид-19, дали треба индикација за вакцина и слично. Но, секако ќе дадеме одредени категории, изјави Филипче.
Утринава Институтот соопшти дека согласно дописот од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) почнувајќи од 15 април 2021 година на Институтот за имунобиологија и хумана генетика во Скопје нема да се работат тестови за концентрација на антитела кон САРС-КоВ-2 на товар на ФЗОМ.
Оваа услуга ќе биде достапна и натаму само на товар на пациентите (приватно) и ќе чини 736 денари“, пишуваше во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.