Американскиот претседател Џо Бајден најави санкции за непочитувањето на Преспанскиот и Охридскиот рамковен договор. Тоа предизвика низа реакции кај македонската јавност, а се огласи и министерот за здравство, Венко Филипче.

Тоа е само показател дека сме во фокусот на САД. Важно е да се знае дека и Западниот Балкан е во фокус. Таа порака е кон политичките субјекти кои ги поткопуваат евроинтеграциите. Многу е несериозно да се поткопуваат тие процеси. Затоа што нашето стратешко партнерство со САД е од нашата независност. Поддршка во делот на ресурси, лекови, опрема. Без таа помош, ние тешко ќе се справевме со здравствената криза“, истакна Филипче во гостувањето во „Само вистина“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.