Антителата како количина не се репер за тоа дали треба да се добие вакцина или не, односно нема долна граница. Дополнително зависи од апаратот на кој се работи и институцијата. Во принцип ставот е дека после два или три месеци од прележувањето на болеста може да се прими вакцина против Ковид-19.

Ова го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој изјави дека при тоа не се само антителата доказ дека има имунитет против вирусот.

Некогаш останува таканаречениот клеточен имунитет, а тоа значи дека веднаш кога ќе дојде повторно во контакт организмот ќе почне да лачи антитела кои во даден момент можеби се немерливи – посочи Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.