Минстерот за здравство Венко Филипче кажа дека при вчерашната посета на Кризниот штаб во Куманово не знаеле дека на членовите им биле земени брисеви и дека се очекуваат резулатите за коронавирус. Филипче од денес е во домашна самоизолација, по информацијата дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово на кој присуствуваше и Филипче, е позитивен на КОВИД-19.
Ние не знавеме за тоа, да знаевме, поинаку ќе се организиравме. Не знам зошто не бевме известени, одговорот треба да го барате таму. Но, секако сме бевме спремни за ваква ситуација, имаше вакви ситуации во светот и сакам да уверам дека сите институции беспрекорно ќе функционираат – кажа министерот на онлајн прес-конференцијата.
Филипче додаде дека според епидемемиолошката анкета, ризикот од зараза е многу мал, со оглед на тоа дека носел маска, но одлучил да работи од дома.
Во самоизолација се и премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за образование Арбер Адеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.