Министерот за здравство Венко Филипче информира дека 75 отсто од сите случаи на зараза со корона вирусот во Македонија немаат симтоми и може да го пренесуваат вирусот без да бидат свесни за тоа
Филипче повторно упати апел да се носат маски.
Дури 75 проценти од сите случаи на Ковид-19 се асиптоматски, односно немаат симптоми. Тоа значи дека тие може да го пренесуваат вирусот без воопшто да бидат свесни за тоа. Затоа е важно сите да носиме маски и да бидеме сигурни дека и асимптоматските носители не го шират вирусот. Со носењето маска се штитиме себе, но пред сѐ другите. Личната одговорност и свесност е клуч во борбата со пандемијата, а маските докажано се успешни во спречувањето на ширење на вирусот. #НосамМаска – напиша Филипче на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.