Бизнисменот Фијат Цаноски кому му беше срушен објектот Космос, својата душевна болка ја проценил на 16 милиони евра. Вакво побарување Цановски изнел на рочиштето за предметот ТНТ кој се однесува на уривањето на објектот Космос.
Освен побарувањето за душевна болка, Цаноски побарува уште 23 милиони евра материјална штета и дополнителни 900 000 евра за наводна штета на опрема во негова сопственост. Целокупното побарување на Цаноски од државата достигнува астрономски 40 милиони евра.
На денешното рочиште по предметот ТНТ се случи и недоразбирање околу Законот за јазици кое може да доведе до дополнителна конфузија во предметот со оглед на фактот што албанскиот јазик е мајчин јазик на обвнинителот од СЈО. Со стапување во сила на Законот за јазици, обвинителот Бурим Рустеми има право да ја води постапката и на албански јазик. Тоа не се случи на денешното рочиште со образложение од СЈО дека законот се уште не бил стапен на сила, иако истиот вчера беше објавен спротивно на уставот и законите, без потпис на Претседателот Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.