Фатмир Лимани, професор по историја и поранешен заменик директор на ЕСМ, денеска поднесе кадидатурата како независен кандидат за градоначалник на Општина Кичево.

Кандидатот за градоначалник Лимани собра вкупно 420 потписи што е многу повеќе од неопходните 350 потписи, потврдија од ПО на ДИК во Кичево. Во исто време во овој град беше регистрирана и првата независна советничка листа со носителот Агим Садику.

За претстојните локални избори денес ја имаме кандидатура на Фатмир Лимани како независен кандидат за градоначалник на Општина Кичево.Тој го собра неопходниот минимум од 350 потписи на граѓани и денеска официјално ја поднесе својата кандидатура.Во текот на денот ја има поднесено и првата независна советничка листа за која својот потпис го дадоа 372 граѓани, рече Младен Ванчоски, од Подрачното одделение на ДИК во Кичево.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.