Пораките во вибер групата ЗДРАВСТВО на СДСМ до кои дојде Република се чини откриваат повеќе одошто може да свари еден стомак. Во тетовскиот пожар изгоре човечноста на македонските лекари. Фанатизам е вистинскиот збор за да се опише начинот на кој размислуваат партиските војници. Заслепени до лудило, до глупост и натчовечка нехуманост.
Во одбрана на Венко Филипче директорката на битолската болница Весна Спиркоска предлага притисокот на контра јавноста да се изврши така што ќе се затворат сите вакцинални пунктови на еден ден. Тоа ќе било знак на протест против понудената оставка?!
Лекарската комора ги следи објавите на социјалните мрежи и изјавите на медицинските лица кои го компромитираат процесот на имунизација против ковид.
Докторите и здравствените работници не смеат да заборават дека нивната улога во справувањето со пандемијата е клучна, а секој поединец треба да даде придонес и поддршка на своите колеги кои работат со пациентите со Ковид -19, велат од Лекарската комора.
Дали Лекарската комора ќе остане доследна на своите ставови и ќе преземе соодветни мерки кон докторката партиска директорка? Дали Спиркоска и понатаму ќе може да врши лекарска дејност?
Притисокот на лекарите всушност треба да биде алиби Зоран Заев да не ја прифати оставката на Венко Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.