ТВ 24 доби  ексклузивна изјава- образложение од Фајзер дека вакцината мора да биде регистрирана и одобрена од регулаторните власти.

Од Агенцијата за лекови потврдија дека вакцината на Фајзер не е регистрана, односно нема авторизација, но потенцираат дека самата компанија треба да поднесе барање за регистрација.

Стапија на сила законските измени со кои се овозможува постапка на авторизација (регистрација) на вакцината да поднесе правно лице кое е со седиште надвор од РСМ, што всушност беше барање на компанијата Фајзер. Агенцијата се обврзува во најкраток рок да ги спроведе и одобри барањата од Фајзер или други подносители за вакцината против Ковид, изјави за ТВ 24 директорот Лирим Шабани.

Двесте илјади кинески вакцини од производителот „Синофарм“ ќе стасаат во земјава по 18 февруари откако ќе заврши кинеската Нова година, најави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Вакцините од кинеската компанија „Синофарм“ ќе стигнат во Македонија по завршувањето на кинеската Нова година. Владата денеска го врши плаќањето за дозите, а тие ќе пристигнат по 18 февруари. До крајот на месецов вакцината ќе стигне во земјава, рече Заев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.