Весникот Фајненшл Тајмс пишува дека Франција, Данска, Холандија и другите држави кои се критични кон проширувањето на Унијата во моментов се расположени да дадат зелено светло за преговори со Македонија и Албанија, но дека постојат пречки од Грција. За разлика од изминатите неколку децении, грчкиот проблем сега не е со Македонија и со нашето име туку со Грција.

Атина бара отстапки кон грчкото малцинство на југот на земјата – пишува Фајненшл Тајмс.

Но, ова повторно индиректно може да се одрази и врз Македонија, имајќи предвид дека држави како Италија се силни противници на отворањето преговори
само со Македонија, ако и Албанија не биде вклучена.

Зелено светло за „Северна“ Македонија и Албанија би покажало дека ЕУ
се уште може да носи одлуки и покрај епидемијата на корона вирусот. Еден дипломат ни кажа дека со тоа „ќе покажеме дека можеме да донесе одлука среде криза, пишува весник од Лондон кој го поддржуваше проширувањето на Унијата.

Самитот на ЕУ ќе се одвива преку видео врска, поради опасноста од
ширење на вирусот. Некои од лидерите, како германската канцеларка
Ангела Меркел, се дури во изолација поради можна изложеност на
болеста.

Според Фајненшл Тајмс, ЕУ би сакала да упати порака и до Србија, која се потпре пред се на Кина за да обезбеди поддршка од ударот на епидемијата. Шефот на европската дипломатија Жосеп Борел телефонски разговараше со српскиот претседател Александар Вучиќ за да го убеди дека ЕУ ќе испрати помош, јави новинската агенција Ројтерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.