Во времето кога СДСМ имаше влада предводена од Бучковски, пред тој да биде осуден за воено профитерство и проневера на 3 милиони долари, пукна афера дека од јавни, буџетски пари, се финансира партиска пропагандна машина составена од новинари, медиуми, невладини организации и таканаречени анилитичари кои треба да создадат впечаток во јавноста дека власта на СДСМ и Бучковски е најдобра во светот, чесна и успешна, а опозициската ВМРО ДПМНЕ се закана за Македонија, пишува Вечер.мк.

Проектот имаше и име – Фабрика. Управител на тој проект, воден од агенцијата Имиџ ПР, беше таканаречениот аналитичар Петар Арсовски, син на активист и функционер на СДСМ со исто име, актерот Петар Арсовски. Тука се Зоран Јачев од невладината Транспарентност Македонија, како и новинарите: Горан Теменугов, Ристе Недановски… и екипа од А1 на Велија Рамковски предводена од Борјан Јовановски, Сабина Факиќ, Герман Филков…

Оваа екипа се состанувала навечер во просториите на владата со Бучковски, но и неговите соработници како портпаролот на владата новинарот Сашо Чолаковски и Борис Кондарко, тогашен портпарол на СДСМ, денес член во Државната изборна комисија (ДИК). Весникот Време, во февруари 2006, тврдеше дека поседува материјали од Фабрика кои се испраќани до владата и СДСМ, а на тие коверти стоело напишано “за Борис Кондарко“. Тој Борис Кондарко во ДИК денес ќе ги решава изборите на 15 јули, објави Вечер.мк.

Кога пукна аферата, и се дозна дека од државни пари во кеш се плаќале новинари и таканаречени аналитичари како и невладини организации кои делувале со лажни вести, анализи и рејтинзи за потреби на премиерот Бучковски и владата на СДСМ реагираше и Кетрин Вулард, програмски координатор за Европа од Транспаренси интернешнл која веднаш се огради од нивниот македонски функционер Зоран Јачев, а Сашо Чолаковски и Борис Кондарко изјавија дека “првпат слушаат за таа Фабрика“. Нешто како сегашните изјави на функционерите на СДСМ кои после скандалот Рекет изјавуваат дека “Боки 13 го знам само од телевизија“, пишува Вечер.мк.

Петар Арсовски, таканаречениот аналитичар задолжен за лажни анкети и рејтинзи, тврдеше дека нема ништо со Фабрика иако во официјалните документи во судски регистар стои дека е нејзин основач заедно со Александар Поповски, задолжен за пропагандните материјали на СДСМ.

Борјан Јовановски не дематираше ништо, Сабина Факиќ и Герман Филков потоа исчезнаа од новинарството, како и портпаролот на владата Сашо Чолаковски. Според медиумите, владата на Бучковски за вакви проекти исплатила над 600.000 евра, а Бучковски и покрај сето ова со советите и пропагндата, лажните вести и рејтинзи на Фабрика загуби на изборите во 2006-та година.

Власта ја загубија, но пропагандистите за лажни евсти, анкети и рејтинзи останаа во системот и по преземањето на СДСМ од Зоран Заев: Борјан Јовановски, Александар Чомовски, Сашо Орданоски, Ацо Кабранов… се собраа во 1ТВ на Боки 13 плаќани од парите собрани од рекет под менторство на Зоран Заев. Горан Михајловски, зет на функционерка во владите на СДСМ, замина од Вест и оснива невладина организација која е издавач на негов портал сдк.мк (Сакамдакажам) во функција на СДСМ, исто како и Биљана Секуловска и Борјан Јовановски со порталот новатв.мк, Џабир Дерала со Цивил и Ацо Кабранов со Либертас.мк.

Додека СДСМ беше во опозиција неговите медими и портали без никаква пазарна вредност и без реклами имаа приходи добро да живеат иако слабо работат. Парите доаѓаа од Фондацијата Сорос, олигарсите на СДСМ и локалната власт каде СДСМ имаше свој градоначалник. При апсењето на Велија Рамковски постоеше основано сомневање во врска со перење пари и даночно затајување и за Борјан Јовановски преку маркетинг агенции но, тогашниот премиер Никола Груевски реши во полицискиот дел од истрагата да не се гонат новинари од А1 ТВ, туку само сопственикот и првите соработници.

Канал 5, по изборите беше приморан јавно да му извини на СДСМ и Зоран Заев, да го смени главниот уредник, да го постави новинарот Гоце Михајловски како партиски јуришник и јастреб на СДСМ во Канал 5, а за возврат, за почеток Заев им прости даночно затајување од околу 350.000 евра слушнато во разговори помеѓу сопственикот на Канал 5 Емил Стојменов и Мартин Протоѓер. Тие разговори СЈО и ботовите на СДСМ намерно ги заборавија. Дополнително, Канал 5 стана главно телевизиско оружје на власта на СДСМ под Зоран Заев. Наскоро, веројатно ќе му се извинуваат и на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ.

Фабриката за лажни вести, лажни анализи и рејтинзи на СДСМ продлжи да работи, еве веќе 15 години, во континуитет. Со безмалку истите луѓе и методи кои се овде сопомнати, дополено со сетсрата на Борјан Јованосвки вработена во нашата амбасада во Брисел и нејзината ќерка Тања Милевска, дописник од Брисел, кои со години создаваат лажни вести дека ЕУ од Брисел секогаш, и за се, го поддржува СДСМ, и не сака да чуе за власт предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Власта на Заев и СДСМ не им останува должна на своите пропагандисти, му додели на братот на Сашо Орданоски 350.000 евра преку Фондот за иновации за иновација која не постои. Деновиве читаме дека, помеѓу останатите плаќања на сметка на Сашо Ордноски како од рекетираните пари на Боки 13, Сашо Орданиски примил и исплата од Фондот за филм преку (невладината) ОХО на која Фондот и префрлил 130.000 евра.

Борјан Јовановски станал и сценарист, како што тврди истиот Фонд за филм, бидејќи на Еуро вижн му исплатиле 85.000 евра за сценарио наводно пишувано од Борјан Јовановски. Инаку, Борјан Јовановски, примал со години 60-70.000 евра годишно за емисија Евро зум која, во тоа време, никогаш не се емитувала на ниту една релевантна телевизија во Македонија, како што ни порталот Новатв кој го водат Биљана Секуловска и Борјан Јовановски егзистира со години, а нема проходи од реклами кои се потребни за работа. Парите им доаѓаат од дејности кои не ги гледаме во рекламите, но ги гледаме во пропагадниот дел.

Горан Михајловски, поранешен косопственик и уредник на Вест, а денес уредник на просечниот портал сдк.мк, еден од познатите пропагандисти на СДСМ и партиски зет, само преку својата сопруга заработи 250.000 евра од спомнатиот Фонд за иновации, денес најголем канал за финансирање на пропагандната фабрика на СДСМ.

Според стручна и одржлива проценка, за овие три години само од Фондот за иновации и владините исплати за невладини органзиации, во медиумите и порталите на СДСМ се исплатени над 5 милиони евра пари од буџетот. Дополнително, од буџетот за проекти, рекламирања… од буџетот и од СДСМ им се исплатени уште 5 милиони евра, пишува Вечер.мк.

Во таа шема на пропагандна Фабрика на СДСМ која се плаќа од буџет влегуваат и порталот 24инфо.мк на кој има најмногу реклами од државни институции, како и порнографскиот портал Мактел.мк издржуван од олигарсите, тендерашите на СДСМ и десетина други портали кои преку Фондот за иновации, министерствата и олигарсите овозможуваат работа на пропагандната фабрика на СДСМ која нема публика и комерцијални приходи за одржливо работење.

Зошто партиската организација ЗНМ, Здружение на новинари, и порталите на СДСМ се изрично против законска регистрација и регулација на информативните портали? Затоа што во спротивно ќе се намалат лажните вести, клеветите и пропагандата и ќе мораат да работат барем минимално според пазарни услови. Бегаат од законско уредување.

Аздисаноста оди до таму што порталите од пропагандната Фабрика на СДСМ безгрижно вршат даночно затајување и перење пари така што порталите кои продаваат рекламен простор и услуги не се регистрирани како компании кои треба да плаќаат данок, туку како проекти-невладини оргнзиации кои се ослободени од ДДВ и други такси

Законот вели дека невладините организации се непрофитни, и немаат право на комерцијални приходи, а на порталите на СДСМ како Либертас, Цивилмедиа или спомнатиот сдк.мк, на Горан Михајловски ќе видите дека зад нив стојат невладини органзиации но, имаат и маркетинг за комерцијална продажба на услуги. Наградени се да не плаќаат ДДВ, за почеток.

Патем, во сред корона криза, владата на невладините организации им додели 500.000 евра за борба против корона вирус! До тие пари, и директно и индиректно, од сите медиуми пристап имаа само невладините организации кои стојат зад порталите на СДСМ. Бруталноста оди до таму што владата ги финансира невладините организации како Цивил (Џабир Дерала) граѓанска организација Мост (Дарко Алексов) и Транспарентност Македонија (Сашо Орданоски, Борјан Јовановски).

Журнал и Нетпрес изнесоа податоци дека невладината организација Мост на Дарко Алексов, наводен набљудувач на изборите, на своја сметка примила над 4 милиони евра, а Дарко Алексов со семејството гради и располага со скапи стамбени објекти во луксузниот комплекс Бардовци, со приходи од – невладина организација. Патем, ако кликнете на линкот на невладината организација most.org.mk, која е наведена и на нивната Фејсбук страница, наместо информација за невладина органзиација која набљудува избори ќе добиете понуда за продажба на Вијагра.

Владо Чингоски, поранешен функционер на СДСМ, претседател на Советот на општина Охрид и член и секретар на општинската изборна комисија во Охрид за лоаклните избори во 2016 година изјави:

– Ние имавме пример со МОСТ, велите ќе бидеме објективни – бидете објективни, СДСМ беше на власт и во МОСТ сите набљудувачи беа од СДСМ. Се што беше неправилност на избирачките места наблудувачите од МОСТ тврдеа дека немало никакви проблеми, рече тој.

Тука кругот на финансирање пропаганда, избор на луѓе и местење избори се затвара. Ликови како Џабир Дерала, Дарко Алексов, Сашо Орданоски, Борјан Јовановски, Петар Арсовски, Ацо Кабранов… со години ќе прават лажни вести, лажни анкети и рејтинзи, ќе прикриваат корупција и рекети, а ќе бидат плаќани од партијата СДСМ, нивните олигарси и буџетот а потоа, на самите избори, ќе се појават истите тие како набљудувачи и оценувачи на изборниот процес преку невладините организации Мост, Цивил или Транспарентност. Да не заборавиме, сега е тука и Борис Кондарко, во ДИК, кој се јавува и во Фабрика на Бучковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.