Набрзо ЕУ и ЕК не само што ќе предупредува, туку ќе почне ид а ги казнува оние кои не водат сметка за правната држава, повтори од Куманово професорката Гордана Силјановска Давкова.

Кој е сега Европеец, прашувам, тој што повикува на правна дрѓава или тој што повикува на политика надвор од границите на правото и институциите, па мисли дека е добро да имаме слаби институции за тие да бидат јаки политичари. Не, одлуките мора да ги носат легалните и легитимни тела во уставна и законска процедура, а не по некои различни клубови, па брда во близината на Скопје, па езера и слично. Тие се за одмор, за уживање, а институциите се за одлучување, рече Силјановска-Давкова.

Но кој одлучува во нашите институции, пратенците сигурно не, констатира таа.

Ние одамна немаме парламент. Ние имаме еднопартиско, послушно, комунистичко собрание. Ова не е навреда за минатото, туку сакам да кажам дека без опозиција, без дијалог, нема демократија. Ако 81 човек таму само чека да притисне на копчето, зашто одлуката векје е донесена, тогаш тоа не е парламент. Парламентите се најсилната школа на демократијата. Во парламентите се учи демократијата. Не моѓете да учите само од една книга, од една партија. Треба да се гради дрѓавнички консензус. Требаше да го научиме ова од нашите соседи Грци. Тие пред да пристапат кон потпишување на Преспанскиот договор, собраа се што е умно и што знае низ Грција, над 60 експерти. Ние се уште не знаеме кој стои зад овој договор, не ја знаеме процедурата, не ги знаеме решенијата, па мсилевме дека на хотлајн го договараа двајцата премиери. Можеби затоа е таков каков што е, рече таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.