Европските социјалдемократи се првата европска политичка партија што се огласи по ратификацијата на Преспанскиот Договор во Грција.
Шефот на социјалдемократите во Европскиот Парламент, Удо Булман и посака „добредојде на Македонија“.
Денешниот успех е доказ дека прогресивните политички сили се способни да решаваат долгогодишни спорови и да прават тешки компромиси што конзервативците и националистите со години не можеа три децении.
Булман им честита лично на двајцата премиери за историскиот договор.
Барам од земјите членки да докажат дека тие што прават тешки компромиси се наградуваат и да го поканат Скопје да започне преговори за членство со ЕУ во јуни 2019.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.