На самитот на ЕУ и Западниот Балкан некако незабележително помина изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен дека е во подготовка т.н Патоказ според кој доколку се биде во ред со неговата имплементација треба да го тргне бугарското вето и да отовори преговори со Македонија.
Патоказот со пет плус едно прашање како можно решение за спорот вчера беше споменат и од високите претставници на Унијата. Патоказот би требало да биде готов до почетокот на ноември, а во него би имало решенија, кои треба да се исполнуваат во целиот преговарачки процес.
Потпретседателката на ЕК, Фон дер Лајен на завршната прес-конференција на Самитот, порача дека неотворањето преговори со Македонија и Албанија го загрозува кредибилитет на ЕУ и поддршка во регионот.
– Важно е да се знае дека Европската комисија работи интензивно за да се пронајдат клучните прашања во билатералниот спор меѓу Македонија и Бугарија, тоа се „пет плус едно“ прашање, за да се состави патоказот, како практичен чекор кон решавање на овој проблем, рече Фон дер Лајен.
Бугарските медиуми веќе објавија дека Протоколот треба да содржи правно обврзувачки гаранции за спроведување на Договорот за добрососедство.Најважната точка ќе биде македонските Бугари да бидат впишани во Уставот, за да се запре фалсификувањето на историската вистина.
Пред неколку недели Заев изјави дека Уставот ќе се отвори пред влезот на Македонија во ЕУ, а пак лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски побара реципроцитет, одснсно и Македонците да влезат во бугарскиот Устав.
За да отвори Уставот и да се гласаат измени, слично како со Договорот со Грција е потребно двотретинко мнозинство, односно поддршка од 80 пратеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.