Во текот на есента ќе бидат избрани известители од новиот состав на Европскиот парламент за земјите од Западен Балкан, соопшти досегашниот известител за Србија Дејвид Мекалистер.
Тој соопшти дека по евроизборите Надворешнополитичката комисија на Европскиот парламент доби многу членови, а заминуваат едни од најискусниот, кога станува збор за државите од Западен Балкан, како што се Едуард Кукан, Кнут Флекенштајн, Чарлс Танок и Иво Вајгл.
На досегашниот известител за Македонија, Иво Вајгл, мандатот му завршува на 1 јули.
Ова ќе биде нова генерација европски парламентарци и се надевам дека ќе пронајдеме колеги од сите членки на ЕУ кои се заинтересирани за Западен Балкан, истакна Мекалистер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.