Европски живее само власта, а народот крај со крај не може да врзе, порача кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова обраќајќи се пред неготинчани.
Се фалат со европеизација, нè критикуваат дека сме анахронизам, дека живееме во минатото, дека не гледаме кон Европа, дека не сме способни да создаваме пријателства, дека ги отвориле портите на Европа, а ние им ги затвораме. Не, тоа не е точно. Во Европа не се оди без владеење на правото. Во Европа не се оди потонати во криминал и корупција. Во Европа не се оди со на сицилијански начин формираните фамилии при вработувањето. Не, европски живеат само тие, тие живеат во Брисел, а народот што го гледам овде, крај не може со крај да врзе, рече Силјановска Давкова.
Таа потсети дека над 58 отсто од младите во Македонија размислуваат кога, каде и како да заминат.
Одвај ги чекаат Европјаните, зошто тие се исто толку образовани, умни и креативни како нив, ама овде никој не се бори за нив. На првото прашање „Зошто си заминувате од Македонија“, тие велат „Нема живот во оваа земја“, а овие на власт дојдоа со паролата „За живот“, потсети Силјановска Давкова.
Професорката додаде дека нам животот ни е загрозен, не само поради високите концентрирации на загаденост, туку и заради валканата политика со која што се фалат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.