Хрватската европратеничка Маријана Петир јавно застана во одбрана на ракометниот репрезентативец Стојачне Стоилов.

Реакцијата на Стоилов за името за Петир е оправдана затоа што никој нема право од никого да бара да го смени името.

Ова што го зборува Стоилов #StoleStoilov не е политички испад туку вистина пишува хрватската претставничка во европскиот парламент во одговор до порталот дневно.хр кој реакцијата на Стоилов во која вели дека за него останува Македонија и не ја прифаќа Северна е скандалозна.
Според неа срамни се притисоците врз Македонија да го промени името на државата.

Како што никој од нас не би се согласил да го промениме името на својата држава апсурдно е и неморално такво нешто да се бара од Македонија, вели Петир која е докажан пријател на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.