Додека цел свет се поклонува пред жртвите на пандемијата, Македонија нема вакцини, функционери одмараат по егзотични места низ светот, премиерот вози ѓубретарка и се бутка попис на население. Аналитичарот Ивор Мицковски, кој е поранешен висок функционер во владејачката СДСМ, реагира на ваквиот однос  на државниот врв.

Речиси сите држави од Европа направија некаков симболичен гест во име на жртвите на пандемијата, се извинија, дадоа заложби за подобро, презедоа одговорност.
Само нашиве зелки од политичари си тераат кампања за попис, си ажурираат членство, си држат избори со еден кандидат, си местат тендери во 4 очи, си посетуваат фабрики на свои криминалци, си одат по одмори на ексклузивни дестинации.
Ваква духовна и материјална бахатост од некои што љубат икони, вакво отсуство на солидарност, ваква дрскост дека се безгрешни, ваква одлепеност од реалноста, не може да се сретне кај ниедна друга власт и во ниедна друга земја.
За нас цената и жртвите од новото нормално, батињава си тераат по старото нормално.

Речиси сите држави од Европа направија некаков симболичен гест во име на жртвите на пандемијата, се извинија, дадоа…

Posted by Ivor Mickovski on Wednesday, 24 March 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.